Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Божиновска: Општините добиваат конкретна поддршка за реализација на повеќе енергетски проекти – започнаа практичните обуки за општините

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја започна националната серија работилници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја започна националната серија работилници посветени на поддршка на општините во подготовката и реализацијата на што поголем број проекти за енергетска ефикасност. Овие обуки, како што соопштуваат од Министерството, ќе се одржуваат во повеќе градови низ државата со цел да се зајакнат локалните капацитети и да се унапреди спроведувањето на европските стандарди во енергетското планирање.

Во рамки на оваа иницијатива денеска во Скопје се одржа работилница за градење на капацитетите на општинската администрација за подготовка на програми за енергетска ефикасност. Настанот се реализира во склоп на проектот Поддршка на енергетските реформи во Република Северна Македонија, финансиран од Делегацијата на Европската Унија. Проектот има за цел воспоставување високо ниво на ефикасна енергетска политика, унапредување на правната рамка и поддршка на институциите во доследна примена и мониторинг на процесите поврзани со енергетската ефикасност.

Работилницата ја отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која нагласи дека општините мора да се ангажираат и да реализираат мерки што носат реални заштеди и побрза модернизација на јавната инфраструктура.

Реклама

-Локалните самоуправи мора да станат мотор на енергетската трансформација. Наша задача е да им дадеме алатки, насоки и поддршка за да можат да реализираат повеќе проекти, побрзо и поефикасно. Време е секоја општина да ги искористи можностите што ги нудат европските правила и современите модели на финансирање, порача министерката Божиновска.

На настанот присуствувале претставници од општините во Скопскиот регион и од Град Скопје. Преку презентации, дискусии и практични вежби, учесниците добија детални насоки за подготовка на пограма за енергетска ефикасност, годишен план за спроведување, како и информации за механизми за финансирање и пристап до податоци неопходни за енергетско планирање. Особен фокус беа практичните сесии за работа со бази на податоци, идентификување мерки за енергетска ефикасност и користење стандардизирани обрасци и табели развиени во рамки на проектот.

-Министерството ќе продолжи со организирањето на вакви обуки во сите плански региони, со цел секоја општина во државата да добие професионална поддршка за подготовка квалитетни, реални и финансиски одржливи програми за енергетска ефикасност, подвлекуваат од МЕРМС.