Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Божиновска на ИФЕСД 14: Секое евро што денеска го инвестираме во енергетска ефикасност и обновливи извори е инвестиција во поздрави заедници, компетитивни бизниси и стратешка издржливост утре

Секое евро што денеска го инвестираме во енергетска ефикаснсот и обновливи извори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секое евро што денеска го инвестираме во енергетска ефикаснсот и обновливи извори е инвестиција во поздрави заедници, компетитивни бизниси и стратешка издржливост утре.

Ова го порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на отворањето на панелот „Финансирање на енергетска ефикасност и обновлива енергија“ во рамки на 14. Форум „Енергија за одржлив развој“.

Подобрувањето на енергетската ефикасност и искористувањето на новите генерации обновливи енергии, нагласи Божиновска, е клучен за обезбедување на достапен и одржлив енергетски систем во Македонија. 

Реклама

– Сепак, останува јазот во финансирањето, како поради правни и регулаторни бариери, така и поради оценката на ризик во финансискиот сектор и ограничениот капацитет за подоготовка на проекти, особено за помали проекти. Многу ветувачки идеи не доаѓаат до финансии, не бидејќи технологиите се недокажани, туку затоа што проектите се премногу мали, трансакциските трошоци високи, договорите не се стандардизирани или ризиците не се јасно алоцирани. Агрегацијата, стандардизираната документација и предвидливото лиценцирање може да направат клучна разлика, порача Божиновска. 

Улогата на Министерството, посочи Божиновска, е да работиме на обезбедување финансирање преку регулаторна и практична поддршка, како и обезбедување на попредвидливи правила и координирана имплементација меѓу институциите.

-Ова вклучува усогласување на примарната и секундарна легислатива во областа на енергетската ефикасност и обновливата енергија со европското законодавство, поедноставување на обезбедувањето лиценци, појаснувањето на процедурите за поврзување на мрежата, техничка стандардизација и практични совети и насоки кои им помагаат на општините, јавните институции и компаниите за обезбедување на средства преку проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори, порача Божиновска. 

Кога правилата се јасни и проектите се добро подготвени, според Божиновска, тогаш и финансиите се достапни и се следат резултатите, се заштедува енергија, се инсталираат обновливи извори на енергија и многу важно, се подобрува квалитетот на воздухот. 

-Успешните пристапи може да се реплицираат и зголемуваат. Во пракса тоа значи јасни критериуми за избор, известување и верификација, и транспарентни набавки. Исто така, значи и намалување на енергетската сиромаштија и подобрување на условите во училиштата и болниците, нагласи Божиновска. 

Ако ги усогласиме политиките, финансирањето и имплементацијата, Божиновска проача дека, не само што ќе ги исполниме целите, туку ќе изградиме почист, поправеден и поиздржлив енергетски систем. 

Резидентниот координатор на ОН во Македонија, Рита Колумбија, на отворањето на сесијата, порача дека финансирањето е најважниот аспект, особено кога имате алатки и знаење, потребни се средства за реплицирање и опфаќање на што поголем број корисници. 

-Денеска, глобално инвестирањето во обновливи извори и енергетски ефикасна инфраструктура изнесува околу 1,3 трилиони долари, што е рекордно највисоко ниво. Сепак, да се оствари заложбата за траекторијата од 1,5 Целзиуслови степени, овој број треба да се зголеми четирикратно. Но, со секој предизвик стануваме покреативни, поиновативни и изнаоѓаме нови технологии и механизми за остварување на нашите цели. И во текот на денешната сесија ќе слушнеме позитивни искуства за проекти за обезбедување на средства за одржлива енергетска транзиција и остварување на нашите цели, порача Колумбија. 

Постојаниот претставник на Обединетите нации во Македонија, Армен Григорјан, на отворањето на сесијата порача дека забрзувањето на енергетската транзиција кон одрлживи системи не е само суштинска за исполнување на Глобалната цел 7, туку и за справување со климатските промени, подобрување на квалитетот на воздухот и поддржување на инклузивен економски раст.   

-Очигледно животната средина и енергијата не може да се гледаат одвоено. Но, наспроти растечкиот моментум, финансирањето во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, глобално остануваат недоволни, порача Григоријан. 

Според Грегоријан, главен предизвик за земјите во развој, остануваат институционалните бариери кои го лимитираат зголемувањето на финансирањето и институционалната култура, додека клучното прашање е како да се обезбедат финансии за праведна и инклузивна енергетска транзиција што нема да остави никого исклучен.