Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Економија

Божиновска: Декарбонизацијата-конкретен патоказ и дел од нашите обврски кон ЕУ

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Советот за праведна транзиција порача дека декарбонизацијата претставува конкретен патоказ и дел од обврските на државата кон Европската Унија.

-Кога зборуваме за декарбонизација, не зборуваме за апстрактна цел, туку за конкретен патоказ кој е дел од нашите обврски кон Европската Унија. За тој процес да биде реален и одржлив, потребно е тој да биде вграден во стратешките документи, програмите и планирањето на сите институции кои се дел од оваа агенда – истакнала министерката Божиновска.

Фокусот на состанокот на Советот за праведна транзиција, како што се наведува во соопштението од Министерството, бил ставен на институционалната координација, усогласувањето со Реформската агенда, обезбедувањето финансиска поддршка и мерките за поддршка на вработените во енергетскиот сектор.

Реклама

Членовите на Советот направиле преглед на реализацијата на Годишниот план за праведна транзиција и оцениле дека активностите се движат во позитивна насока, но дека е потребна посилна институционална координација и мобилизација на финансиски инструменти за поддршка на приоритетните активности.

На состанокот посебен акцент бил ставен на усогласувањето на Патоказот за декарбонизација со стратешките документи и програмите на институциите вклучени во процесот, како и на обезбедување координиран пристап кон имплементацијата на реформите поврзани со енергетската транзиција.