Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Пред почетокот на новата учебна година, штипските училишта ги засилуваат мерките за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред почетокот на новата учебна година, штипските училишта ги засилуваат мерките за превенција од врсничко насилство. Поголемото присуство на наставниците и стручните служби меѓу учениците е еден од начините навреме да се забележи и спречи насилството.

Дежурствата на наставниците за време на одморите треба да помогнат полесно да се забележат конфликтните однесувања меѓу учениците. Ќе има и повеќе работилници и трибини, на кои учениците ќе се запознаваат со последиците од насилството, но и со тоа низ што поминуваат жртвите.

„Се воведоа дежурства во ходниците за време на одморите, така што учениците постојано се под контрола. Исто така, педагошките служби ја интензивираат својата работа и постојано работат со учениците. Освен на учениците, даваат поддршка и на наставниот кадар, но и на родителите“, изјави Снежана Санева од Секторот за образование при Општина Штип.

Реклама

Една од најопасните форми е сајбернасилството. Анализите покажуваат дека во последниот период е зголемено за повеќе од 30%. За разлика од физичкото насилство, кое најчесто се случува во одреден момент, жртвата на интернет може да биде изложена на малтретирање во кое било време.

Најчесто на мета се девојчињата, кои се соочуваат со закани, ширење лажни информации, како и злоупотреба на нивните лични податоци.

„Ако е физичко насилство, ќе се видат модринки или нешто што е видливо, но кај сајбернасилството или психичкото, односно емоционалното насилство, има страшни последици по жртвата, а тоа е губење на самодовербата, затворање во себе, станување интровертна личност и неможност да се соочи со средината“, изјави проф. д-р Татјана Стојановска Иванова.

И новиот извештај „Спречување на штета во Македонија“, изработен од УНИЦЕФ, ЕКПАТ и Интерпол, во соработка со Владата, покажува загрижувачки податоци.

Во државата, секое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба преку интернет.