Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Бојковска: Нашата политика на дејствување се движи во правилна насока, само оперативниот план за вработување се однесува на 65% од младите до 29 години

На денешната трибина на тема „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ ја подобрија положбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната трибина на тема „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ ја подобрија положбата на младите во Македонија во првата година од владеење?“ учествуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.

Бојковска на самиот почеток истакна дека младите имаат поддршка во процесите на носење на одлуките и дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ како власт се движи во правилна насока.

– Морам дека кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ младите имаат поддршка во процесите на носење на одлуките, бидејќи заедно со Унијата на млади сили направивме и низа на мерки во коишто бевме во дослух со младите односно беа организирани каравани насекаде низ Македонија се со цел да се слушнат потребите на младите во секој еден дел од државата. Нашата политика на дејствување оди во правилна насока и сега кога Власта ја презема ВМРО-ДПМНЕ мислам дека уште позасилено треба да работиме на истото, со уште позасилено темпо ќе работиме во таа насока да останеме во чекор со младите, една од мерките всушност беше и оперативниот план за вработување и една од приоритетните мерки во коишто беа истакнати три области во коишто младите треба да бидат центар и фокус на носење на политиките, тоа се образованието, вработувањето и обезбедувањето на Дом за млади, објасни Бојковска.

Реклама

Пратеничката исто така истакна дека сега условите за вработување на младите луѓе се многу подобри за разлика од претходно.

– Освен што се дава суштинска поддршка на младите претприемачи за да се поттикне вработувањето на младите луѓе во Македонија, со оперативниот план кој се однесува над 65% на млади луѓе до 29 години, за разлика од тоа во претходната власт особено младите луѓе се сеќаваат за оној скандалозен Фонт за иновации каде што сведочевме на проневерени средства од 3 милиони евра, и мислам дека со тоа што младите го гледаа и сведочеа ја казнија тогашната власт, сега ситуацијата е многу поинаква, се вреднуваат суштинските претприемачки бизнис планови, и ќе биде процесот многу транспарентен многу отворен за младите се со цел да ја погодиме суштината, а тоа е да го подобриме вработувањето на младите луѓе, рече Бојковска.