Реклама
Македонија

Бојан Јовановски: „Венко не потпишувал никаков акт без да земе пари“

За секој потпис на документ како министер Венко Филипче земал пари и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За секој потпис на документ како министер Венко Филипче земал пари и за тоа понекогаш знаел и тогашниот експремиер Зоран Заев – тврди Бојан Јовановски познат како Боки 13. Во дел од документарниот филм кој го сними Јовановски за случајот Рекет во кој е осуден на пет години затвор, објави фотографија од лидерот на СДСМ која е направена наводно во неговиот дом, за кого вели дека бил чест гостин кај него.

  • „Венко не потпишувал никаков акт без да земе пари, ништо како министер за здравство не правел за беспари, што со знаење на Заев што без знаење, што си се криеле еден меѓу друг, здравството е уништено од Венко Филипче“, вели Боки 13.

Јовановски го нарекува Филипче најпослушен министер на Зоран Заев кој бил поставен од Радмила Шеќеринска, но кога насетил моќ и пари се приклучил кон кланот на Заеви.

  • „ Филипче беше во мојот дом, кој да не кажам секој ден, беше чест гостин. Ова се фотографии од кај мене. Најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска. Но, потоа Венко Филипче некако се дистанцираше од Шеќеринска и се приклони кон клонот Заеви, бидејќи таму насети моќ, пари а Венко е љубител на пари“, вели Боки 13 во филмот.

Јовановски во дел од документарот објавува преписки кои се воделе помеѓу него и Заев, во кои се договараат за средба. Поранешниот премиер имал многу повеќе прислушкувани разговори од тоа што предал во згаснатото СЈО каде имало истрага за тоа, тврди Боки 13.

Реклама
  • „Зоран Заев ги имаше сите снимени разговори коишто ги предаде во СЈО во копија. Селектирано предаде 600 и кусур илјади разговори, бидејќи имаше околу 2 милиони разговори. И со истите тие снимени разговори тргуваше до последниот ден, дали ќе биде тоа закон во прашање, промена на име. -Катица Јанева токму за тие снимени разговори имаше предистрага и тогаш беше донесена наредба за истрага која водеше до Зоран Заев“, вели Боки 13.

Телевизија Алфа побара став од Венко Филипче и СДСМ како ги коментираат обвинувањата од Јовановски. До овој момент одговор не добивме ниту од партијата, ниту од партискиот лидер.

Инаку Бојан Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, но Апелација му ја намали на пет поради неговата здравствена состојба и тој излезе на слобода. Пред три дена Боки 13 беше прогласен за виновен дека измамил и искористил бизнисмени со цел да се збогати во предметот „Меѓународен сојуз“. Кривичен го осуди на пет години затворска казна откако апелационите судии го вратија предметот на повторно одлучување.