Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството и загрозувањето на националните обележја, прошка од народот нема да има

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на Венко Филипче: „Добро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на Венко Филипче:

„Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите и дојде на позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

Добро е што Филипче и СДСM признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските национални обележја.

Реклама

Исто така, добро е што СДСM и Филипче прифаќаат дека засегнат е и македонскиот јазик, за кој постојано ја убедуваа македонската јавност дека го заштитиле согласно нивните предавнички договори кои ги прифатија и потпишаа.

Но има работи кои македонската јавност нема ниту да му заборави, ниту да му ги прости.

Откако СДС, на чело со менторот на Филипче, Зоран Заев во чијашто влада беше и самиот Венко, распродаде се што е национално македонско и Македонија ја продаваа како невеста која богато ќе ја омажат, доцна им е за каење и за ископување на гревовите.

Задоцнети и бледи се ваквите обиди на СДСM и Венко Филипче за нивните предавства, народот ќе ги памети како најголемите предавници во историјата на државата и истите ќе завршат во темните историски страници.

Сега Македонија има Влада која ги брани националните интереси и нема ни милиметар да се помести од позициите за одбрана на идентитетот, историјата, културата, јазикот.

На чело на државата сега е Влада која ги брани, зацврстува и ги провира националните идентитетски обележја.

Влада која работи во интерес на државата и граѓаните, која со напорен труд ја развива во сите пори на општественото живеење и која работи на нејзина евроинтеграција на достоинствен начин со заштитени национални обележја.“