Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Бледи обиди за нова „Шарена револуција“: Веќе видено сценарио со протести кога СДСМ е во опозиција

„Кој е следен“, „секој еден може да е следен“, „ниту една повеќе“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Кој е следен“, „секој еден може да е следен“, „ниту една повеќе“ – недостасува уште тупаница за добиеме блед обид за нова „шарена револуција“.

Веќе видени пароли од минатото, секогаш кога актуелната опозиција не е на власт. Зад организираните протести секогаш стојат невладини и други организици, самопрогласени активсти, кои важат за блиски до СДСМ и Сорос, и се обидуваат секоја можна трагедија или несреќен случај во државата, да го претоврат во средство за прокнижување политички поени на чувствата на граѓаните.

Новинарот Драган Павловиќ Латас за Алфа вели дека се ова што го гледаме во јавноста, не води на дилема дали пред се кај социјалдемократите постои посебен сектор, кој се занимава само со политизирање на несреќни човечки судбини.

Реклама

-Имам впечаток дека СДСМ просто има луѓе задолжено од својата партија, кои читаат црна хроника, кога ќе се случи некоја несреќа, да ја припишат дека таа има политичка заднина. Дури и трагедијата во Велес, тоа беше семејна трагедија која се случи, со девојчето кое беше убиено од еден манијак, а убиен и нејзиниот татко, за кој претпоставувам се обидувал да ја штити од неговиот прогон, следење итн, е припишано како политички случај, изјави Латас за Алфа.

Организирани протести доаѓаат иако во сите случаи институциите активно работеа и работат на решавање на случаите. Според Латас проблемот доаѓа од страна на Обвинителството. Вели таму уште постојат инсталации од структури блиски до претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ.

-Обвинителството е одметнато од системот, Обвинителството е под лична контрола на луѓе од СДСМ и ДУИ, дури не може да се каже дека е комплетно партиска, зошто не е заштитен секој член на СДСМ, туку се заштитени мафијашите кои ги има десетина дваесет, кои се заштитени и работат за нив, и во Обвинителството и во судството. Вие во Обвинителството се уште има луѓе кои се со нерешана кривична пријава за милион евра, кои ги добиле бесправно од државата, тие се уште се појавуваат пред судовите, изјави Латас.

На слични пароли и организирани протести од т.н. невладини и други организации кои важат за блиски до опозициската СДСМ, бевме сведоци и во периодот од 2014-та до 2016-та, кога социјалдемократите успеаја да дојдат на власт, иако беа поразени на парламентарните избори.

Матеја Петровски