Реклама

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Економија

Бизнисот задоволен од деловната клима и најавите за нови инвестиции во инфраструктурата

Македонската економија расте и тоа се забележува. Бизнисот задоволен од деловната клима…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија расте и тоа се забележува. Бизнисот задоволен од деловната клима и најавите за нови инвестиции во инфраструктурата кои треба да го забрзаат транспортот на стоки и да им го олеснат работењето. Од Бизнис Конфедерацијата се надеваат на поголем раст на економијата до крајот на годинава, откако Европската банка за обнова и развој излезе со пооптимистички проекции за зголемување на БДП за 2025-та на 3%.

Инвестициите долж коридорот 10 се клучни за бизнисот. Стопанствениците велат дека што побрзото завршување на пругата од Табановце до Гевгелија многу ќе им ја олесни работата, ќе го забрза превозот на стоки, ќе ја зајакне соработката со пристаништата во Грција и ќе ја зголеми трговската размена не само со соседите Србија и Грција, туку  и со многу други држави со кои ќе се соработува и ќе се транспортираат производи по овие делници. Дополнително ,бизнисмените сметаат дека е добро тоа што конечно се откочи проектот за автопатско решение од Скопје до Блаце, еден од клучните инфраструктурни проекти кои ги бараше бизнисот.

Последните најави се дека преостанатите 10 километри од 12 километарската автопатска делница Скопје – Блаце треба да почнат да се градат следната година. Откако само два километри автопат претходната влада ги градеше повеќе од половина деценија, сега Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најавува дека остатокот ќе биде готов за 3 години. Проектот се реализира во соработка со ЕБОР. Рокот за поднесување за понуди истекува во вторник, по што ќе се направи селекција и ќе се избере изведувач на градежните работи. Дополнително, и брзата пруга е планирано да почне да се гради следната година и да биде завршена за 5 години. Британската државна компанија „Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници и тоа нема да ја чини државата, туку ќе биде грант. И бизнисмените и Владата се на иста линија дека освен вложувањата во инфраструктура, треба да се инвестира и во т.н. суво пристаниште во кое ќе с еврши товар и претовар на стоки. Засега најавите се дека работите на ваков мултимодуларен јазол е планирано догодина треба да почнат во близина на Трубарево кадешто се сечат двата најважни коридори.