Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Бизнисот бара искоренување на корупцијата и поголема транспарентост, инфлацијата е под контрола

Бизнисот добро се справува со инфлацијата, се чувствува исцрпено, но има капацитети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисот добро се справува со инфлацијата, се чувствува исцрпено, но има капацитети да одолее на предизвиците. Првиот човек на стопанската комора  Бранко Азески, уверува дека состојбата е стабилна, а државата и компаниите имаат доволно механизми да делуваат за амопртизација на ценовниот шок. Во услови кога изостанува значителен инфлаторен удар однадвор, состојбите полесно се менаџираат:

„Ние сме секојдневно во комуникација со Владата така да мислам дека во овој момент можеме да бидеме мирни. Ќе направам се и ќе барам се што е во можност да се држи под контрола и да се искористат сите механизми затоа што таа ако дојде во нашето стопанство заради неговата структура ќе биде тешка катастрофа и ќе остави тешки последици. Мислам дека треба да направиме се, сите надлежни институции да не дозволиме некакво ескалирање на оваа состојба барем во делот на којшто ние можеме да влијаеме, а не кај увезената инфлација. Кај увезената сме немоќни, изјави Азески.

Ценовната стабилност е клучна, но за стопанствениците многу важно е да се работи и на намалување на административните бариери и сузбивање на корупцијата, пред се во делот на администрацијата:

Реклама

„малите претпријатија искажаа сериозни состојби за корупцијата, меѓутоа даваа и сериозни решенија, Основното барање се сведува се да биде во администрацијата потврдено и прошишано затоа што администрацијата се плаши да стави потпис на било што а да не предизвика последици“, додаде Азески.

Вицепремиерот и Министер за транспрот Александар Николски смета дека моменталниот систем на електронска аукција е одличен метод, бидејќи се намалува можноста од корупција. Тој нагласува дека процентот на тендери преку електорнска аукција треба повеќе да се користи

„Она што сметам дрека треба да се подобри е да се поедностави постапката. Се соочуваме со ситуација каде што бројни компании не успеваат да добијат јавна набавка заради банална причина. Мислам дека треба да се направи секвенционирање по големина на јавна набавка. Не може вие истата процедура да јабарате и за јавна набавка од 500 илјади евра и за јавна набавка од 50 милиони евра“, потенцира Николоски.

Во таа насока, стопајнствениците инсистираат и на поголема транспарентност при тендерските постаопки за намалување на злоупотребите:

„Ако имаме достоинствени работници во администрацијата која што ќе стои достоинствено исправено со интегритет на таа работна позиција тогаш навистина немаме да имаме проблем ниту со тендерските постапки ниту пак ние ќе имаме проблем да палицираме на тендерите“, рече Валентина Дисоска, Претседателка на азоцијацијата на бизнис жени.

Од Владата велат дека остануваат отворени за поддршка на бизнис секторот но и за сите нивни предлози за поедноставување на процедурите.