Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Без разлика на корона ризиците, дел од граѓаните се решија летниот одмор да го минат надвор од државата

Турција и Албанија се најпосетуваните дестинации од страна македонските граѓани во време…

Сподели:

Турција и Албанија се најпосетуваните дестинации од страна македонските граѓани во време на пандемија. Дел од македонците го победија стравот од корона вирусот, ги пакуваат куферите и заминуваат на летување надвор од државата, во земјите кои за сега смеат да ги посетат. Најголема заинтересираност има за летовите кон Турција и Египет, а голем е бројот на граѓани кои ја посетуваат и Албанија.

Од туристичките агенции велат дека поради фактот оти Грција не ги отвори границите за македонски државјани, луѓето се пренасочиле на овие три дестинации.

Ако во нормални услови за Турција летале по два до три авиони неделно, со новонастанатата ситуација, лета еден авион на секои седум дена, а туристичките работници се надеваат дека до почетокот на септември ситуацијата ќе се врати во нормала и патувањата ќе бидат со сличен број како изминатите години.

Реклама

Се надеваме дека до октомври ќе има полни чартери, акцентот е ставен на Турција, областа Анталија, но патуваат и во Албанија, Египет, Кипар, посебно сега кога Грција ги затвори границите, па патниците се пренасочија на овие дестинации – вели Лилјана Сталевска – туристички работник.

Дел од раните резевации за месеците мај и јуни кои беа откажани, од туристичките агенции велат дека, биле презакажани за август и септември, па така бројот на луѓе кои одат на одмор токму сега е зголемен, а туристичките агенции кои не можеа да им ги вратат парите на клиентите, им даваат можност, аранжманите, да ги искористат наредната сезона.

Од денеска, македонците ќе можат да патуваат и во Бугарија, со приложување негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Оваа земја пред околу две недели воведе привремена забрана за влез на нејзината територија за граѓани на Македонија, без оглед на нивното државјанство, како резултат на лошата епидемиолошка ситуација со коронавирусот во земјава.

Од соседните држави, македонските државјани без ограничувања може да патуваат само во Србија и Албанија.

Туристичките работници се надеваат дека повеќе земји целосно ќе ги отворат границите, за да може да се оди на одмор без рестриктивни мерки.

Адријана Алексиеска