Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Бесплатна психолошка поддршка за пациентите со карцином

Медицинскиот третман често ја става во втор план емоционално-психолошката состојба на пациентите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицинскиот третман често ја става во втор план емоционално-психолошката состојба на пациентите со карцином. Но токму ваквата поддршка е еден од клучните фактори што им помага полесно да се соочат со болеста, објаснува психотерапевтот Анета Кирова. Таа е дел од проектот „Бесплатна психолошка поддршка“ на здружението „Лирас“, кој преку групни разговори им овозможува на заболените од карцином да споделат искуства и полесно да се справат со предизвиците.

„Истражувањата покажуваат дека лицата кои се вклучени во групна работа, на коишто им е понудена психолошка поддршка, имаат можност полесно да се справат со третманот, да имаат поквалитетен живот, се намалува анксиозноста и социјалната изолација“, изјави психотерапевтот Анета Кирова.

Групата ја водат стручни лица во атмосфера каде пациентите слободно зборуваат за стравовите и стресот, а истовремено меѓусебно се поттикнуваат храбро да се борат со болеста. Средбите им овозможуваат размена на искуства, што дополнително ја олеснува психолошката состојба на пациентите.

Реклама

„На сите корисници им се нуди можност да се соочат со дијагнозата на начин што обезбедува нормализирање на нивните чувства, чувство на припадност и разбирање, стручна помош за справување со стресот, но и можност да добијат помош и да ги прифатат сопствените телесни и животни промени“, изјави психотерапевтот Весна Трајковска.

Во моментот групата брои околу десеттина членови, но и Кирова и Трајковска нагласуваат дека постои можност за приклучување на нови учесници. Проектот е поддржан од Општина Штип и ќе се реализира во наредните шест месеци. Средбите се одржуваат еднаш неделно, а покрај пациентите, поддршка можат да добијат и нивните најблиски членови од семејството.