Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Азески: Од денеска почнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, компаниите добиваат побрзи и поедноставни царински процедури 

Од денеска почнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска почнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за обезбедување документација за извоз на стоки, за кој Стопанската комора има јавни овластувања и ги издава овие документи во интерес на компаниите.

– Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната трговија претставува природен и неопходен чекор. ATA Carnet, познат и како пасош за стоки, е меѓународно признат царински документ, кој овозможува привремен извоз и увоз на стоки, без плаќање царини и други увозни давачки во повеќе од 80 земји и царински територии. Документот се користи за учество на меѓународни саеми, изложби, деловни настани, професионална опрема и други форми на привремено движење стоки – вели претседателот на Комората, Бранко Азески, во пораката. 

Како национална гарантна асоцијација и издавач на ATA Carnet, Стопанската комора на Северна Македонија, од воведувањето на новиот дигитален систем во април 2023 година до денес, има издадено вкупно 1.470 паралелни хартиени и дигитални АТА-карнети.

Реклама

Од 1 јуни 2026 година официјално почнува глобалната транзиција кон модернизираниот дигитален е-ATA Carnet-систем во согласност со меѓународната динамика утврдена од Меѓународната трговска комора (ICC) и Светската царинска организација (WCO).

Преминот на АТА-карнетот во дигитална форма претставува значаен чекор кон модернизација и поефикасно олеснување на меѓународната трговија. Новата апликација за е-ATA Carnet ќе овозможува привремен увоз и извоз на стоки со истата функционалност како хартиениот карнет, без потреба од носење физички документи. Преку QR-кодови и дигитални царински декларации системот ќе придонесе за побрзо, побезбедно и поедноставно прекугранично движење стоки.

Во пресрет на најавената нова фаза од страна на Меѓународната трговска комора, Стопанската комора на Северна Македонија, по примерот на другите земји, е подготвена за почнување на процесот на воведување на е-ATA-системот. Техничката подготовка е воспоставена, а Комората активно ги следи сите активности и насоки за имплементација со цел да обезбеди навремена поддршка за деловната заедница и целосно усогласување со меѓународните стандарди.

Важно е да се нагласи дека за Македонија ова не значи непосредно укинување на хартиениот ATA Carnet. Во транзицискиот период, кој во согласност со меѓународниот план ќе трае до крајот на 2027 година, односно до целосната транзиција на 1 јануари 2028 година, хартиениот и дигиталниот модел ќе коегзистираат. Тоа значи дека компаниите ќе продолжат непречено да ги користат постојните процедури додека постепено ќе се воведуваат новите дигитални процеси.

За компаниите ова значи можност за навремено запознавање и подготовка за постепен премин кон побрзи и поефикасни постапки, подобра следливост на документите, намалување на административниот товар и усогласување со идните глобални стандарди во трговијата. Истовремено, транзицискиот период обезбедува сигурност и континуитет во работењето, без прекин на постојните процеси.