Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Автономија на универзитетите: Министерката и професорите на дебата, Јаневска повика да не се шират лаги, штетат на државата

Автономија во изборот и реизборот на научните звања, тоа е клучното барање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автономија во изборот и реизборот на научните звања, тоа е клучното барање на универзитетската фела од „Свети Кирил и Методиј“ со новиот закон за визоко образование. Ректоратот и професорите пред министерката за образование и наука Весна Јаневска ги презентираа забелешките. Ректорката Билјана Ангелова изрази надеж дека преку дебата ќе се прифатат барањата на универзитетските професори.

-Генерално од законот очекуваме поголема автономија за Универзитетот и тоа е еден од нашите основни приоритети и тоа како функционалната, така и финансиската и кадровската автономија. Очекуваме дека некои делови кои што во моментов сметаме дека се пререгулирани, ќе бидат релативизирани, ќе бидат отстранети, за да може да се остави исто така поголемо автономно право на универзитетите да донесуваат посебни критериуми кои што ни се важни за избори и реизбори во звања, изјави Ангелова.

Јаневска порача дека тие како министерство се отворени да ги прифатат конструктивните сугестии кои ќе дојдат од фелата. Вели улогата на високото образование е да создава јавно добро, интелигенција која понатаму ќе ја развива државата, да создаде стручни, компететни, но и емпатични и морални личности кои во иднина ќе обезбедат општествен проспреритет. Јаневска повика и да не се шират лаги, што е случај последниве денови, како на пример дека се укинува вонредното студирање, дека државата нема да го финансира објавувањето на научни студии.

Реклама

-Лагите и дезинформациите претпоставувам треба да бидат на штета на министерот или на партијата, но во суштина се штета на државата и на младите луѓе кои живеат во неа. И оттука апелирам дека треба да се прекине со тоа, затоа што сме отворени за секоја конструктивна критика. И како што веќе еднаш рековме се што сметаме дека е во ред ќе биде внесено во законот, изјави Јаневска.

Низа забелешки стигнаа од уметничките факултети. Деканката на Факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска вели дека се забележува дискриниминација кон нив, но се надева дека сугестиите ќе бидат прифатени.

-Постои само еден член кај што се издвоени факултетите, меѓутоа се запоставени спецификите на нашите студии, особено факултетот за музичка уметност и во рамките на уметничките факултети, затоа што само кај нас постои настава еден на еден, изјави Андовска.

-Тоа што е главно е да речеме и нешто што веројатно што сите останати факултети и универзитети го забележуваат, тоа е автономноста на унивезитетот, автономноста на високото образование, изјави деканот на ФДУ, Бесфорт Идризи.

Пофални зборови за предлог законот упати професорот Илија Ацески. Сепак смета дека промени треба да има во начинот на оценувањето на професорскиот кадар.

-Ќе го процениме кавалитетот на високото образование оној момент кога ќе ја процениме способноста на дипломираниот студент да работи за тоа што студирал. Законот е во целина добар, но во тој дел за квалитетот е недоречен, изјави Ацески.

Јаневска потенцираше дека законот што се подготвува нуди меритократија, односно оценување според постигнувањата, интернационализација и мотивација за соработка која недостасува кај академскиот кадар, вклучително и научноистражувачка работа – што е неделлива од образовната.

Матеја Петровски