Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Асфалтирана улицата Гоце Делчев во беровско Ратево, инвестиција од над 5,7 милиони денари

Завршено е асфалтирањето на улицата Гоце Делчев во беровското село Ратево, во должина од 591 метар, со што жителите добиваат подобрени услови за сообраќај и побезбедно секојдневно движење. Како што информираше градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, проектот е реализиран со средства од општинскиот буџет за 2026 година, а неговата вкупна вредност изнесува 5.786.419 денари. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршено е асфалтирањето на улицата Гоце Делчев во беровското село Ратево, во должина од 591 метар, со што жителите добиваат подобрени услови за сообраќај и побезбедно секојдневно движење.

Како што информираше градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, проектот е реализиран со средства од општинскиот буџет за 2026 година, а неговата вкупна вредност изнесува 5.786.419 денари.

– Со реализацијата на овој проект обезбедуваме поквалитетна и современа сообраќајна инфраструктура за жителите на Ратево. Асфалтираната улица ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот, полесен пристап до домовите, намалување на прашината и калта, како и подобри услови за движење во периоди на врнежи – истакна Ружински.

Реклама

Покрај асфалтирањето на улицата, во рамки на проектот е изведен и канал за одведување на атмосферски води во должина од 70 метри. Дополнително, изградени се и два потпорни ѕида со вкупна должина од 60 метри, со цел да се зголеми стабилноста и безбедноста на теренот.

Од Општина Берово нагласуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со реализација на инфраструктурни проекти во сите населени места, насочени кон подобрување на условите за живот и рамномерен локален развој.