Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Асфалтирање улици во индустриска зона Куманово

Интензивно се асфалтираат улиците во новата индустриска зона Речица и Новини, информираа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивно се асфалтираат улиците во новата индустриска зона Речица и Новини, информираа денеска надлежните. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски објави дека во тек е асфалтирање на првиот слој на улиците во зоната.

Проектот што се реализира со средства обезбедени преку Владата опфаќа изградба на водоводна и фекална мрежа, атмосферска канализација, изградба на внатрешни сообраќајници, воспоставување на сообраќаен режим и поставување улично осветлување. Вредноста на склучениот договор со избраната компанија на тендер изнесува 208.554.681,86 денари со вклучен данок на додадена вредност.

Индустриската зона „Речица“, лоцирана во непосредна близина на автопатот Е-75 кон Табановце, на околу пет километри од границата со Србија, претставува една од клучните развојни локации во општината. Таа е стратешки позиционирана во близина на коридорите 8 и 10 и е урбанистички планирана за лесна и незагадувачка индустрија, трговски и сервисни дејности, складишта и сместувачки капацитети.