Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Ангелова: Образованието беше оставено без стратегија и без визија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во образованието и младите

Во рамки на денешната 61 седница во Собранието посветена за пратенички прашања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на денешната 61 седница во Собранието посветена за пратенички прашања, свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова. Ангелова истакна дека години наназад образованието било запоставено, односно оставено без стратегија, без вложување и без визија, додавајќи дека во последниот период се забележува промена, односно се реновираат училишта, студентски домови, се градат градинки и се овозможува набавка на електронски уреди за студенти. Во таа насока, пратеничката постави пратеничко прашање кое се однесуваше до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, прашувајќи кои мерки се преземени и кои ќе се преземат во иднина, со цел подобрување на условите во образованието.

„Образованието е темелот на една земја и секој денар вложен во образованието и младите значи мултиплицирање за иднината. Во последниот месец видовме дека сте активно вклучени во подобрување на таа инфраструктура. Се работи за образованието на нашите најмили, нивната иднина. Се градат нови базени, се реновираат училишта, студентски домови, се градат градинки, се овозможува набавка на електронски уреди за студенти. Во таа насока моето прашање е следно: кои се мерките кои се преземени и кои ќе се преземат во иднина за подобрување на условите во образованието во Македонија?“, праша Ангелова.

Ангелова го постави своето второ пратеничко прашање до претседателот на Владата, и се однесуваше на негативниот демографски прираст со којшто се соочува државата. Таа истакна дека потребно е да се поправи демографската слика и праша кога и какви мерки може да се очекуваат во делот на подобрување на демографската слика.

Реклама

„Главен проблем се негативниот демогафски прираст и иселувањето, особено на младите семејства. Тоа може да ја доведе државата под минимумот, после кој или ќе биде невозможноо, или претешко да се поправи демографската слика. Исто така најавивте и обемни мерки на ова поле. Кога и какви мерки може да се очекуваат во делот на подобрување на демографската слика во Македонија?“, заклучи Ангелова.