Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Ангелов – Арафат: Романија ќе ги сподели своите искуства од реформите на системот за управување со кризи

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во рамките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во рамките на работната посета на Романија,  оствари билатерална средба со Рајед Арафат, државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Романија, кој раководи со Одделот за вонредни состојби, каде што се координираат сите итни служби, вклучувајќи противпожарна и цивилна заштита, итна медицинска помош, спасување од урнатини, од поплави и слично.

Како што соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување, на средбата се разменија мислења за досегашната взаемна соработка, за актуелните состојби со заштитата и спасувањето, со акцент на  пожарите, како и за реформите на системите за справување со итните ситуации.

-Стојанче Ангелов го запозна неговиот колега со најновите случувања во таа насока кај нас во системот за управување со кризи и изрази задоволство што Романија стои на располагање да помогне споделувајќи ги своите искуства  од реформите на нивниот систем за управување со итни ситуации, што бележи значителен развој. Истовремено, Ангелов го покани Арафат на  средба во Скопје, што со задоволство беше прифатено, стои во соопштението.

Реклама

Средбата се додава, се заокружи со заеднички предлог за размена на нацрт содржина за Меморандум за соработка со чие потпишување ќе се доуреди и унапреди натамошната билатерална соработка во доменот на цивилната заштита меѓу двете институции. Романија останува наш докажан партнер кој секогаш помага, несебично ставајќи ги своите капацитети на располагање, се наведува во соопштението.