Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Андоновски: Сајбер нападите се реална закана и се дел од пошироката слика на хибридните закани

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се осврна на актуелните предизвици поврзани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се осврна на актуелните предизвици поврзани со сајбер безбедноста во државата. Најавувајќи го Дигиталниот самит на Западен Балкан, кој ќе се одржи оваа недела на 1 и 2 октомври во Скопје, Андоновски зборуваше за важноста на темата сајбер безбедност, која ќе биде застапена на три панели и едно обраќање на Александер Поти, Директор на Агенцијата за сајбер безбедност на Украина.

Тој потенцираше дека „Никогаш нема да може да кажеме дека сме сто проценти сајбер безбедни, но граѓаните треба да бидат спокојни затоа што работиме напорно на мониторинг на ситуацијата и навремено одговараме на предизвиците.“

Министерот го истакна значењето на Законот за сајбер безбедност, кој за првпат беше донесен оваа година и веќе влезе во втората фаза на реализација. Законот предвидува фазна имплементација во период од 3 до 4 години, како во приватниот, така и во јавниот сектор.

Реклама

„Се гради Владиниот Центар за одговор на сајбер инциденти, сместен во МДТ, кој активно го следи и анализира секој потенцијален инцидент, изјави Андоновски.

Клучниот принцип на новиот закон, според министерот, е дека „Секоја институција има обврска да се грижи за сопствените ИКТ системи, исто како што се грижи и за другите сегменти од своето функционирање.“

Андоновски предупреди дека сајбер нападите се реална закана и дека тие се дел од пошироката слика на хибридните закани, која може да биде водена и од државни и од недржавни актери, вклучително и од бизнис интереси. Целта на ваквите напади, според него, е да се создаде страв, паника и недоверба во институциите.

„Се надевам дека ќе се одбраниме од ваквите напади, но мора да сме свесни дека сајбер нападите станаа сериозен инструмент во хибридното војување,“ додаде тој.

Министерот ги повика сите институции да ја преземат својата одговорност, додека МДТ останува посветен на заштитата и поддршката на сите владини органи во унапредување на сајбер безбедноста согласно со очекувањата на граѓаните и законските обврски.

Во прилог Ви проследуваме фотографии и линк од гостувањето на Министерот: