Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Андоновски: Имаме план и програма за Гостивар, за почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура

Мартин Андоновски, носител на листата за членови на Совет на општина Гостивар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мартин Андоновски, носител на листата за членови на Совет на општина Гостивар од коалицијата „За твоја Македонија“ на почеток на изборната кампања во своето обраќање денес посочи дека еден од приоритетите е заложбата на идните советници на чистотата и хигиената во градот.

– Гостивар заслужува чисти улици, уредни јавни простори, сигурна вода и безбедни улици за сите. Градот има предизвици со сметот, канализацијата и кучиња на улиците. Но, секој предизвик има и решение, а ние имаме план и програма како да го решиме, рече Андоновски.

Тој се осврна и на проблемите со водата за пиење, за како што рече, таа мора да биде сигурна и чиста, а секоја населба да има соодветна канализациска инфраструктурна мрежа. Носителот на листата од предводена од ВМРО ДПМНЕ, се заложи за воспоставување на системско решение за хуман третман и намалување на бројот на кучиња на улиците.

Реклама

Андоновски се осврна на работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека покажа како централната власт помага на локалната.

– Гостивар не беше заборавен. Без разлика на партиска, етничка или пак национална припадност, оваа Влада работи за секој еден од нас, рече тој.

Андоновски ја побара поддршката од гостиварци и кажа дека имаат план и програма како да ги решат барањата на граѓаните за како што нагласи, почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура и повеќе простор за сите.