Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Економија

Андоновска: ВМРО-ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец, развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата 

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата затоа оваа Влада е нивен најголем поддржувач и партнер, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Викторија Андоновска.

Апатичноста на претходната власт изразена преку неисплатени субвенции и афунционални системи за наводнување, сега е веќе минато. За само 15 месеци Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ исплати над 11 милјадра денари за заостанати и тековни субвенции, со што 70.000 земјоделци добија финансиска поддршка. Системите за наводнување пак се оспособени со што навремено е обезбедена вода за наводнување.

Од неодамна, во подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започнато е доделувањето на картици за зелена нафта, мерка која опфаќа речиси 46.000 земјоделци, а за која се издвоени 540 милиони денари.

Реклама

Оваа година утврдена е и рекордна откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец- 21,3 денари по килограм  и Смедеревка- 18,9 денари по килограм. Исто така оваа година за првпат првата и втората категорија на пченица се откупуваше по цена од 12 денари, дополнително на оваа сума треба да се платат и транспортни трошоци и ДДВ од страна на мелничарите.

Со ВМРО- ДПМНЕ за првпат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви и тоа 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари по килограм, без ДДВ.

Новина е отпочнувањето на кампањата „Македонско најдобро“ која има за цел раздвижување на домашната економија преку помагање на компаниите кои произведуваат и преработуваат македонски производи, како и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи.

Најмаркантен повик е т.н. мерка 50-50, со која се кофинансира набавка на модерна земјоделска механизација.

Додека пак јавниот повик за млади земјоделци броеше 254 апликации од кои одобрени се 117.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец. ВМРО- ДПМНЕ продолжува со поддршката кон македонските земјоделци затоа ВМРО- ДПМНЕ е вистинскиот избор за твојата иднина!

Ви благодарам.