Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Андоновска: Луѓето на СДСМ и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница, со тие кадри нема независно судство

Луѓето на СДСМ и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луѓето на СДСМ и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница, со тие кадри нема независно судство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Викторија Андоновска.

Венко Филипче како министер за здравство кој ја потпишал спецификацијата за модуларната болница во Тетово е директно одговорен за смртта на 14 луѓе.

14 луѓе живи изгореа во модуларната болница, а затоа што правеше анекси на договори за 20% повеќе пари, не беше повикан на разговор во обвинителството.

Реклама

Во секоја држава со нормално судство и обвинителство кое не е во скутот на Заев и Ахмети, Венко Филипче сега ќе беше зад решетки. Но судиите со 2% доверба мораа да ги оправдаат нивните назначувања и да го аболираа Филипче од одговорност.

За да не лежи Венко Филипче, лежат периферни ликови во здравството од тоа време како Етеми и Бесими, директори на Тетовската болница, кои исто така не смееше да бидат осудени со реални казни, за да не пропеат очигледно за нивниот шеф, па добија по неверојатни 1,5 година затвор.

За пожар во болница каде што живи горат 14 луѓе, судиите и обвинителите доделија вкупно 3 години затвор на директорите, а за Филипче замижаа очи, затнаа уши и затворија усти.

Релацијата на одредени судии и обвинители кои сѐ уште работат по насока на СДСM и ДУИ, ги оставија криминалците по улиците, а народот без правда.

Потребни се итни реформи во судството и конечно, вистинска правда и одговорност.