Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Анализа: ВМРО – ДПМНЕ  во огромна предност за зацврстување на врвот, СДСМ во слободен пад, главната битка ќе се води во албанскиот блок

Партиите ситнат денови до конечното формирање листи, за еден месец треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партиите ситнат денови до конечното формирање листи, за еден месец треба да ги имаат дефинирано и кандидатите и програмите со кои ќе ја бараат довербата од граѓаните.  Кампањата започнува официјално за првиот круг  на 29 септември на полноќ, меѓутоа веќе и може да се процени што ќе значат овие избори за политичките субјекти и како ќе настапат. Според аналитичарите,  ВМРО – ДПМНЕ како владејачка партија ќе се труди да ги потврди резултатите од локалните избори во 2021 година, но и да да ја зацврсти големата победа на парламентарните избори минатата година. За коалицискиот партнер ЗНАМ на локалните ќе се обидат да го оправдаат легитимитетот кој го добија на парламентарните избори. Што се однесува до опозицијата алитичарите имаат скромни прогнози за СДСМ, со оглед на тоа дека партијата, е во раскол со неколку внатрепартиски крила и структури, а тоа се гледа и по реакциите на дел од кандидатите за градоналници, кои извисија во своите општини. Левица единство останува да се наметне како трета опција иако рејтингот на партијата е опаднат.

Што се однесува до албанскиот блок на овие избори главната битка ќе биде во Чаир каде ќе се соочат Изет Меџити од ВРЕДИ и Бујар Османи од ДУИ. Според Ристевски, битката за локалната власт за ВРЕДИ ќе биде обид да потврди дека европскиот фронт на ДУИ не е тој кој што доминира кај Албанците додека пак ДУИ ќе ја тераат реториката да докажат дека тие се легитимен претставник кај албанското гласачко тело. Што се однесува до главниот град, според Ристевски,  повикувајќи се на рејтинзите нема дилема дека Орце Ѓеорѓиевски ќе биде изборот на Скопјани.

Осмите локални избори од независноста на државата ќе чинат над 9 милиони евра. Рокот до кога ќе може да се поднесуваат листите на кандидати на учесници е до 13ти септември до општинските изборни комисии.