Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Анализа: Македонија подготвена за дијалог со Софија, но по изјавата на Радев „партнер за танго“ очигледно нема

Македонија останува заробена во лавиринтот на билатералните недоразбирања и уцени од Бугарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува заробена во лавиринтот на билатералните недоразбирања и уцени од Бугарија – но сепак е подготвена да направи чекор кон решение кое ќе биде прифатливо и нема да го загрози македонскиот идентитет. Источниот сосед не попушта – настојува на уставни измени. Статус квото на релација Скопје – Софија покажува дека немаме партнер за искрен дијалог.

Експертите коментираат дека во изминатата година и половина Македонија упатила повеќе иницијативи – и преку формални канали и преку тивка дипломатија – но без резултат. Сега власта треба да се насочи кон два процеса истовремено: интензивирање на разговорите со Софија за затворање на отворените прашања и разговори со претставници на земјите членки на ЕУ за да се објаснат македонските позиции и аргументи, со надеж дека поддршката од Брисел ќе ја намали тежината на бугарските условувања.

„Изминатите година и половина Македонија имаше повеќе иницијативи – јавни и преку дипломатски канали – за средби со колегите од бугарската страна. За жал, тие иницијативи не беа прифатени, барем јавно, што значи дека за да имаме искрена дискусија потребен ни е искрен партнер со кого ќе можеме да разговараме за некаков напредок. Треба да водиме два паралелни процеси: зајакнување на дискусијата за затворање на сите отворени прашања и продолжување со претставување на нашите аргументи во ЕУ, знаејќи дека ова прашање е поврзано со почетокот на преговорите – и ако во тие процеси имаме некаков напредок, може да се надеваме дека ќе се откочи блокадата“, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски.

Реклама

На тема „бугарските барања“ вчера предупреди и премиерот Христијан Мицкоски – Бугарија треба да се одлучи дали ова е билатерално прашање, кое ќе го решаваме заедно (но во моментов нема „партнер за танго“) или, ако е само наш проблем, да си го решаваме во рамки на ЕУ. Позицијата на македонската влада останува јасна: уставните измени не се проблем ако постои јасен и конечен европски хоризонт. Она што ја загрижува македонската страна е што „ниту една блокада никогаш не била последна“.

Дополнителен проблем е и ситуацијата на политичката сцена во Бугарија. Повторно постои ризик од нова политичка криза, а со тоа и предвремени избори – сценарио кое веќе неколкупати го остави македонско–бугарскиот дијалог на страна.

„Доколку пред година и половина чекавме создавање стабилна политичка влада, ние повторно сме во ситуација каде што се стравува дека Бугарија може пак да влезе во криза што ќе резултира со нови предвремени избори, што ќе значи дека Македонија нема да има партнер со кого ќе разговара за отворените прашања“, додав Наумовски.

Во меѓувреме, уште еднаш се покажа реториката на уценување – порака стигна и од бугарскиот претседател Румен Радев: нема напредок кон ЕУ без уставни измени. На средба со претставници на здруженијата на бугарската заедница од неколку македонски градови, изјавил дека очекува внесувањето на Бугарите да се заврши „што е можно поскоро“, за да нема ново одлагање на преговарачкиот процес.