Реклама
Македонија

Амбасадорот на ЕУ Рокас во посета на Боговиње

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Боговиње како дел од иницијативата за информирање на јавноста за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.

Посетата ќе ја започне со средби со градоначалникот Фети Абази и членовите на општинскиот совет. Дискусиите ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ и ќе го истакнат конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот.

Амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и Младинскиот совет во општина Боговиње.