Амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивагнанам денеска ќе го посети Собранието.
Во 9:30 часот, предвидена е средба со собранискиот претседател Африм Гаши. Најавено е обраќање на двајцата на дебата во Собранието со средношколци и пратеници – „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи“ од 10 часот.

