Реклама

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Македонија

МВР врши претреси во Штип и Скопје поради сомнителни манипулации со оценки на УГД

Во тек е истрага за вработен на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е истрага за вработен на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип за сомнителни манипулации со оценки, испитни бодови. Министерството за внатрешни работи утринава потврди дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР-Штип, СВР-Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот во Штип. Од МВР посочуваат дека по целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известат јавноста.

Надлежните од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип потврдуваат дека во тек е истрага за овој случај.

Инаку, според првичните информации и овој случајот го имаат пријавено турски студенти, исто како што пред неколку месеци беше фатена професорка со обележани пари, за турски студент да добие преодна оценка на испит.