Реклама

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Македонија

Отворена првата градинка во населбата Подстаница – „Ѕвездички“

Во населбата Подстаница во Општина Кисела Вода денеска свечено беше пуштен во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во населбата Подстаница во Општина Кисела Вода денеска свечено беше пуштен во употреба новиот објект „Ѕвездички“, кој претставува прва детска градинка во ова населено место. На настанот присуствуваа градоначалничката на општината, Бети Стаменкоска Трајкоска, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, кои го означија почетокот на работата на оваа установа.

Капацитетот на „Ѕвездички“ првично е предвиден за 40 дечиња на возраст од 2 до 6 години, со можност за понатамошно проширување. Децата ќе бидат сместени во две занимални уредени според најсовремените стандарди за предучилишно воспитание и образование.

Преку грант од Светска Банка, обезбеден во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, објектот е целосно опремен со нов мебел, дидактички материјали, постелнина и комплетна кујнска опрема. Паралелно, општината активно работи на партерното уредување на дворот, кое е во тек.

Реклама

-Станува збор за објект кој се реконструираше со поддршка на Владата на Македонија, за што морам да упатам искрена благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, до ресорното министерство, министерот Велковски и сите засегнати страни. Посебна благодарност и до градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој како претходник го започна ова, а ние заедно сите го завршивме. Станува збор за објект каде имаме две занимални за возраст од две до шест години, со вкупен капацитет од засега четириесетина дечиња, со можност оваа бројка дополнително да биде зголемена. Имаме и чајна кујна, просториите се навистина убаво организирани и заедно правиме континуирани напори да им овозможиме на најмладите убави услови и да имаме повеќе дечиња – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Министерот Велковски рече дека од овој објект кој што го одпочнале во мандат на претходниот градоначалник на Кисела Вода, а денеска на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објект кој беше во руинирана состојба, создале современ, уреден и функционален простор, наменет за најмладите, простор во кој најмладите ќе имаат можност за безгрижно детство, правилен развој, игра и дружење во безбедна и поттикнувачка средина.

-Со оваа инвестиција обезбедуваме услови за згрижување на 40 дечиња, со можност за дополнително зголемување на капацитетот. Честитки уште еднаш до градоначалничката, до директорката и до Советот кој даде максимални напори оваа установа да стане многу поблиска до жителите на ова населено место. Особено ме радува што нашите заложби за проширување на капацитетите за згрижување на децата продолжуваат. Во наредниот период очекуваме да ја отвориме и новата детска градинка во населбата Расадник, со капацитет за повеќе од 100 деца. Нашата цел е јасна-повеќе места во градинките, подобри услови за најмладите и поголема поддршка за родителите и семејствата – истакна министерот Ѓоко Велковски.

Отворањето на градинката во Потстаница е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода  за континуирано проширување на капацитетите за згрижување деца. Од почетокот на овој мандат веќе е отворена градинката „Верверичка“, темелно е реновиран објектот „Кокиче“, а во завршна фаза е изградбата на новата градинка во населбата Расадник. Со ваквата динамика на работа, Општина Кисела Вода е на прагот од целосно затворање на листите за чекање за упис во градинките.