Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

„Алкалоид“ со раст на добивката и извозот во првото полугодие од 2025 година

Скопската компанија „Алкалоид“ во првото полугодие од 2025 година оствари единечна нето-добивка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопската компанија „Алкалоид“ во првото полугодие од 2025 година оствари единечна нето-добивка од 15,3 милиони евра, што е зголемување од 7% споредено со истиот период лани. Консолидираната добивка достигна 13,9 милиони евра, или 4% повеќе од минатата година.

Приходите достигнаа 116,9 милиони евра, од кои 94% се од продажба на производи и услуги. Консолидираните приходи изнесуваат 170,1 милион евра, што е раст од 9%. Од нив, 66% се остварени на странските пазари. Најголем извозен раст е забележан во Холандија (6,6 пати), Австрија (5,3 пати), Шведска (4 пати), Јужна Африка (3 пати) и Финска (2,8 пати).

Компанијата инвестирала 10 милиони евра во основни средства во првата половина од годината. Според бизнис-планот за 2025 година, „Алкалоид“ планира инвестиции од 8% од консолидираните приходи и раст од 8% на продажбите, како и зголемување од 7% на профитот пред оданочување.