Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Алиу: Заврши агонијата на 155 медицински сестри во болницата во Тетово, ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори за вработување на неопределено време, најави на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Азир Алиу. Со ова, како што кажа ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус. Тој ја обвини опозициската ДУИ дека со децении, иако биле на власт не го решиле проблемот на овие лица.

– Денеска ја држиме оваа прес-конференција затоа што имаме што да покажеме – резултати, решенија и одговори на сите отворени прашања А тие што направија – седат по ќошиња, задскриени зад тастатурите и шират лаги за да ги покријат сите зулуми и срамоти што ги оставија на граѓаните особено во здравство. Ги слушнавте измислиците дека 155 лица од Тетово нема да се вработат, срамота, дури и за нивниот стандард на лаги. Тоа е евтин театар за евтини политички поени врз плеќите на луѓето што со години живеат во несигурност, рече министерот за здравство.

Постапката додаде тој е завршена за 155 лица од Клиничката болница во Тетово, додавајќи дека ДУИ, иако со години биле на власт не го решиле проблемот.

Реклама

– Дури кога Арбен Таравари беше една година министер, ништо не направи, само седеше, гледаше како овие луѓе се понижуваат со привремени договори и живеат во несигурност. За жал, денес кога ние конечно донесовме решение тие повторно покажаа дека единственото што знаат е да лажат, да манипулираат и да подметнуваат преку своите луѓе што сè уште шетаат по институциите, рече Азири.

Министерот го обвини неговиот претходник Таравари дека од страната на ДУИ го користат како „маша на партијата“, додавајќи дека граѓаните тоа го гледаат.

– Резултатите се нашиот одговор на нивните лаги, рече Азири.

Одговарајќи на новинарски на прашања, министерот за здравство посочи дека станува збор за административни процеси кои завршуваат, најавувајќи дека наскоро вработените ќе ги потпишат договорите.

– За жал, ова се административни процеси коишто траат. Ние денеска го решаваме проблемот, административниот дел е завршен, очекуваме за два-три дена да ги потпишат договорите, рече министерот.

Азири дополни дека станува збор за различен кадар, медицински сестри, лекари, хигиеничари, вкупно 155 лица и најави дека повторно ќе се сретне со нив.

– Знаете дека јас првата средба ја имав во Тетово со нив и тогаш им кажав дека решението на проблемот ќе го најдеме и го најдовме. Верувам дека после оваа прес-конференција тие веќе се спокојни и еве уште еднаш јавно кажувам дека многу брзо лично јас ќе одам таму да се видам со нив, за да ги добијат тие договори, кажа Алиу.

Во однос на зголемувањето на бројот на вработените во Итната помош и набавката на амбулантни возила, министерот посочи дека двата процеси се активни. Покрај Скопје, амбуланти возила ќе добијат и останатите центри во државата. Министерството побарало информации од надлежните за недостигот на кадар и на амбулантни возила од центрите.

– При крај се вработувањата во таа служба, исто така размислуваме за амбулантни возила коишто најверојатно, ќе бидат купени не само за Скопје туку за сите градови. Во моментот бараме по електронски пат да одговорат од сите центри колкав е недостигот и на возила и на човечки ресурси. Понатаму ќе продолжиме со постапките. Знаете дека постапката во Скопје веќе е при крај и очекуваме најверојатно за максимум десет дена да биде завршена, рече министерот Азир Алиу.