Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Алиу во Турција ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Турција, ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани, информира Министерството за здравство. 

Во рамки на посетата, министерот се сретнал со д-р Али Емре Акгун  и д-р Мерве Акин, кои го запознале со целиот тек на лекувањето, од приемот до завршување на нивното лекување.

-Со Република Турција имаме воспоставено одлична соработка во сферата на здравството и токму тие беа меѓу првите кои ни понудија помош за хоспитализирање на повредените лица од пожарот во Кочани. Токму овде во градската болница Анкара Билкент беа хоспитализирани шест пациенти, за кои беше обезбеден врвен третман од страна на медицинските тимови според европски стандарди. Со раководството на болницата ги разгледавме можностите за продлабочување на соработката и натамошна размена на искуства, истакнал министерот за здравство Алиу при посетата.

Реклама

Министерот Алиу изразил особена благодарност до раководството и медицинските тимови од болницата за исклучителната посветеност во грижата и третманот на повредените лица од Кочани.