Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Алиу: Освен со Словенија, веќе преговараме и со Италија и со Австрија за да може да обучиме наш кадар

Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави дека освен со Словенија, веќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави дека освен со Словенија, веќе преговараат и со Италија и со Австрија за да може да се обучи наш кадар. 

– Тие ќе одат на краток престој таму и мораме паралално да работиме за да можеме да креираме инфраструктуира и човечки капацитети. Исто така дигитализацијата ќе помага за да може нашите доктори, експерти кои живеат надвор од нашата држава да можат да бидат активни и да се вклучат во нашиот здравствен систем. Пак системот мислам дека ќе го реши еден од тие базични инфраструктуирни решенија за комуникација и надвор од државата, да бидат граѓаните и услужени, но и да бидеме сигурни дека податоците од нашите пациенти се во сигурни раце, изјави Алиу одговарајќи на новинарско прашање во општина Бутел, каде беше најавена изградба на нова поликлиника во оваа општина.

Одговорајќи на новинарско прашање кој ќе работи во новата поликлиника во општина Бутел бидејќи има недостиг на специјалисти во останатите поликлиники во Град Скопје, Алиу рече дека работат и веќе има работна група за национална стратегија за креирање човечки капацитети во здравството. 

Реклама

– Во моментов интензивно работиме на вработување на приватните специјализанти и медицински сестри и се надевам дека за брзо време по креирање доволно модерна инфраструктура ќе имаме можност тука да дојдеме и да имаме прес-конференција за екипирање на целата поликлиника со доктори и медицински сестри, рече Алиу. 

Прашан дека нема доволно специјалисти во Скопје, Алиу рече дека се работи за „life апликација“ и може да се пристапи на веб-страницата на Министерството за здравство и да се видат податоците. 

– Тоа е процес, кој е во континуитет. Се храни со податоци, колку доктори има, медицински сестри и технички кадар. За жал вие имате потполно право. Ние сме свесни дека има недостаток на здравствени услуги за граѓаните и заради инфраструктурна гледна точка и заради недостаток на доктори и медицински сестри. Знаете дека капцитетот не може да се креира за еден ден и треба време. За жал здравството е менаџирано ад кох, со ад кох решенија, а единствен ресор кој не бара ад кох решенија е здравството. Вие морате да проектирате за 10 години и инфраструктура и човечки капацитети. Ние впрочем тоа и го правиме. Веќе правиме национална стратегија за човечки капацитети и ќе знаеме за 10 години колку ќе имаме студенти, колку паралелки ќе имаме во средното медицинско училиште за лаборанти и за техничари и ќе може да проектираме понатаму каде и каков тип на професионалци ни треба, рече Алиу.