Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Алиу го посети Здравствениот дом во Гостивар и најави негова реконструкција и вработувања по локалните избори

Објектот на Здравствен дом Гостивар ќе се реконструира откако ќе ги добие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објектот на Здравствен дом Гостивар ќе се реконструира откако ќе ги добие градежните дозволи, најави министерот за здравство Азир Алиу по денешната посета. Алиу го потенцира овој проект како ветување кое го даде пред извесно време на средбата со директорот на установата Вулнет Оломани.

Министерот Алиу искажа задоволство од работата на оваа здравствена установа и рече дека проектот за реконструкција вклучува и изградба на дополнителен кат во постојниот објект.

– Финансирањето на овој проект ќе биде 50:50 помеѓу Министерството за здравство и Здравствениот дом. Почетокот на работите би требало да започнат идната година, бидејќи за оваа година Министерството не предвидело средства во буџетот за оваа инвестиција, рече министерот Алиу.

Реклама

Тој посочи дека сегашниот директор ја презел институцијата со негативен финансиски биланс и дека проблемот е надминат со ангажирањето на актуелното раководство. Директорот на здравствен дом Оломани смета дека постојат услови со работите да се започне со средства од сопствениот буџет, но за точниот термин и почеток на работите наведе дека се чека четири месеци чекаат на градежната дозвола. Оломани посочи дека е санирано протекувањето на покривот што создавало проблеми во работењето, но сега и во наредниот период нема да има проблеми.

За непречено и поефикасно работење, директорот на Здравствен дом, Вулент Оломани рече дека треба да се реализираат уште 19 нови работни места, предвидени во последниот конкурс.

Министерот Алиу појасни дека тие ќе се реализираат дури по завршувањето на локалните избори. Оломани пред новинарите кажа и дека во рамките на Здравствениот дом функционира лабораторија во која е инсталиран електронски систем за да се избегнат долги чекања.