Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Алиу до Бочварски: За една до две недели ќе заврши административната и финансиската постапка за доизградба на штипската Клиничка болница

За една до две недели ќе завршат административните и финансиските постапки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За една до две недели ќе завршат административните и финансиските постапки за продолжување на изградбата на новата зграда на Клиничката болница – Штип, како и за изградба на нов објект за Медицинскиот факултет, а веднаш до него и студентски дом – одговори министерот за здравство Азир Алиу од собраниската говорница на прашање поставено од пратеникот Благој Бочварски за тоа кога ќе продолжи доизградбата на Клиничката болница – Штип. Алиу од говорницата на македонското Собрание посочи дека за оваа Влада здравствената инфраструктура е многу значајна.. 

– За оваа Влада здравствената инфраструктура е многу значајна. Министерството за финансии има направено барање до финансиските институции, така што за многу кратко време, за една недела или две, ќе заврши оваа административна и финансиска постапка, каде што ние како Влада ќе инвестираме некаде 109 милиони евра само во Штип градејќи една инфраструктура која му е потребна на целиот регион. Освен Клинички центар, имаме и едукативен дел, бидејќи ќе има објект за Медицинскиот факултет, како и студентски дом. Со оваа инфрастуктура убеден сум дека во Штип ќе имаме клинички центар, кој, освен што ќе дава здравствен услуги, ќе има и едукативни услуги – рече Алиу. 

Тој додаде дека паралелно со ова работат и на подигнување на вредноста и зголемување на капацитетот на лекари и медицински персонал. 

Реклама

– За многу кратко време ќе дојдат и измените во Законот за здравството тука во Собранието, со цел да направиме реадаптација врз основа на перформансите и европските директиви – вели Алиу.

Посочи дека за обезбедување средства за здравствената инфраструктура се потпиша и меморандум меѓу владите на Македонија и Велика Британија.