Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Алфа сторија за жртва на семејно насилство: Со дупка на главата инспекторот ме одвраќаше да не го пријавам насилството

Потребна е голема храброст, решителност но и истрајност за да се пријави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребна е голема храброст, решителност но и истрајност за да се пријави семејно насилство. На Ирена Димоска, мајка на две деца и бил потебен долг период за да реши да го пријави насилникот со кој била заедно 6 години. И уште во првиот обид се соочила со институционални проблеми и затворени врати.

– Во тој случај имав повреда на главата, дупната глава. Исто така би апелирала до здравствените работници дека нивна должност е да пријават кога доаѓа жртва на семејно насилство, дури и јас со тие зборови влегов дека јас сум жртва на семејно насилство, бидејќи на извештајот треба да стои дека повредата е настанта при семејно насилство. Од тука јас се вратив во полиција и со повреда на глава инспекторот ме одвраќаше да не одам до крај со пријавувањето. Зошто сега ти да пријавиш, вие ќе си се смирите. Смири се ти сега, врати си се и со тие зборови јас на климави нозе. Прв пат одиш, не си сигурна во себе јас се вратив, објаснува Ирена.

По неколку денови повторно собира храброст и оди во Центарот за социјални работи во Битола, со надеж дека ќе добие некаква помош и совет. Од таму добила одговор дека не постапуваат затоа што нема пријава во полиција.

Реклама

-Вториот пат кога отидов да пријавам веќе знаев, заминав прво во болнца, за да извадам извештај па потоа со тој извештај се вратив во полиција и до крај отидов со пријавата. Бидеќи јас се уште мислев дека ќе добијам некаква помош во центарот за социјални работи со наивна идеја дека и во разводот ќе ми помогнат. Отидов во ценарот за социјлани работи сама  инсиситрав да ме примат… И тука едноставно доживуваш напад и ми даваат едно ливче ми велат ти тука потпиши , дека тебе не ти одговара да тужиш, тој тебе ќе ти се налути, ќе направиш полшо па со него ќе треба да се договараш. Мене не ми беше јасно за што се работи. Јас ја потпишав таа изјава, не знаев дека имаат должност да поведат  постапка за мерки против насилство кои нас ни се потребни бидејќи после тоа следува постсепарационо злоставување кое исто така не е едноставно. Потоа сфатив дека сум потпишала дека тие нема да водат постапка, вели Ирена.

Но тука како што сведочи Ирена,  не завршува дискриминацијата, стигматизацијата па дури и заканите кон жртвите од страна на Центрите за социјална работа.

-Таму ние сме пречекани како огорчени жени, жени кои што сакаат да се одмаздат и тоа било причината поради која ние не сакаме да се гледаме со поранашените сопрузи. И тука во Центарот за социјални работи те пречекуваат со зборовите ама сега вие мора да се договорите бидејќи и двајцата ќе ве прогласиме за неподобни, затоа што кога ти ќе се договориш на прво, постапката кај нив не се одолговлекува и тука се затвора. Секое одење таму беше со напад: Ти зошто пријавуваш , што сакаш да постигнеш? Се соочуваш со еден вид на прикриени закани, сведочи таа.

Бидеќи не добила заштита од инситутуциите, постапката понатаму ја продолжила приватно. Таа денеска е слободна жена и мајка, но апелира до институциите да ги заштитат жртвите, бидејќи не сите ја имаат нејзината храброст и упорност.