Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Алексовски: Многу работа, труд и посветеност кон сите граѓани на Крива Паланка

За разлика од СДСМ, ние си стоиме на зборот и го исполнуваме.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За разлика од СДСМ, ние си стоиме на зборот и го исполнуваме. Многу си ја сакаме државата, си го сакаме народот и не се срамиме да работиме, така што нашата работа, посветеност и труд не можат да не вродат со плод уште во првиот круг. Сигурен сум дека Оливер ќе направи сѐ што ставил во програмата и дека ќе реализира и многу повеќе работи кои не се вметнати во програмата, сѐ за добробит на секој граѓанин на Крива Паланка, рече на вечерашната трибина во населбата Скрљава, Крива Паланка, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски присуствуваше на трибината со граѓаните од ова населено место, за кандидатот за градоначалник на Општина Крива Паланка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Алексовски, пратеникот во македонското собрание, Емил Спасовски и носителот на советничката листа, Влатко Ристовски.

Алексовски им порача на жителите на Скрљава и место викано Болничка ливада дека наметнатите нормативи од централната власт – многу работа, труд и посветеност кон сите граѓани, ќе биде стил на работа и на новата локална власт по 19 октомври.

Реклама

-Најболна точка е инфраструктурата, иако во 2025 година не би требало да е така, што е показател дека локалната власт не се потрудила доволно, иако ја користеа секоја можна прилика да се фотографираат. Ние не ветуваме нереални, туку функционални проекти. Ветувам најтранспарентна локална власт со реална и остварлива програма, со собрани проекти од идеи на граѓаните, со конкретни рокови на изведба, со обезбедени финансиски средства, а не како досега, проектите што се реализираат по само неколку месеци да бидат нефункционални, рече Алексовски.

Ги повика граѓаните да ги поддржат концептот и програмата на ВМРО-ДПМНЕ за мнозинство и во советот на Општина Крива Паланка.

Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ристовски, рече дека ги знаат проблемите и имаат решенија, ќе бидат глас на народот и мост помеѓу граѓаните и локалната самоуправа.

-Нас како општина опкружена со многу зеленило, не ни се неопходни нови зелени површини,туку инфраструктура: уредена болничка ливада, поврзување со асфалтен пат со ул. „Наско Тамбурков”, улично осветлување во Скрљава, атмосферска канализација на ул „Димитар Влахов“, асфалтен пат кон Мартиница, доасфалтирање на краци во Белево, реални проекти за вас и сите граѓани, од сите населени места, рече Ристовски.