Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Aлександар Нацев е новиот осомничен во истрагата за пожарот во Кочани

Обвинителството ја шири истрагата за трагедијата во дискотеката Пулс, во Кочани. Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството ја шири истрагата за трагедијата во дискотеката Пулс, во Кочани. Александар Нацев, е новиот осомничен кој  Обвинителството го  сомничи дека тој бил  реален сопственик на агенцијата, која кобната ноќ го обезбедувала локалот. Нацев е приведен , а во текот на вчерашниот ден се вршени претреси на неколку локации во Скопје и Пробиштип, при што е одземена обемна документација и електронски уреди.

„Министерството за внатрешни работи во координација со јавен обвинител по наредба на судија на претходна постапка изврши претрес на две локации во Скопје и Пробиштип во врска со агенција за обезбедување , пришто лишено од слобода е лицето А.Н.”, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Според Обвинителството, Нацев,  цело време раководел со деловниот потфат заедно со осомничениот управител и овластеното лице на подружницата, во Кочани. Во текот на оваа година го обезбедувале објектот, но за тоа немале склучено  договор.  Истовремено прекршиле неколку членови од Законот за приватно обезбедување. Не направиле безбедносна проценка и план за обезбедување, ниту пак направиле проверка на сигурносните услови во кабарето, особено по опасност и можност за евакуација. Не воделе грижа за бројот на гостите, ниту пак спречиле внесување и користење на пиротехнички средства.

Реклама

Во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи-пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 , со тешки телесни повреди се здобиле 157, а со телесни повреди се здобиле 54 лица, информираат од Обвинителството.

Во досегашната истрага  за тешки дела против општата сигурност осомничени се вкупно 46-мина. Истрагата продолжува и за 14 полициски службеници, за кои се уште се собираат докази. Во изминатите три месеци извршен е распит на околу 400 сведоци и оштетени, а истрагата ја водат обвинители од Кочани, Скопје, Штип и Куманово.