Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Активности на Ангелов за подготовка пред сезоната на пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, беше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со сопственикот на компанијата „Римин еар“, Раде Ивановски, кој е пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можностите за основна обука на „ер трактори“.

Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, кои имаат над 300 авиочасови во спортско летање. Притоа тој имаше извидувачки лет со еден од кандидатите за пилот на „ер трактор“ над штипскиот реон – соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Во овој момент, како што се посочува, ДЗС има пет пилоти на „ер трактор“, еден авион е сервисиран и е на аеродром функционален и два се на сервис, кои се очекува да пристигнат сервисирани и подготвени за употреба овој месецо, а најдоцна во мај, со што поподготвено ќе се пречека летната сезоната на пожари на отворено.