Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Активни седум пожари, четири се под контрола – еве каде гори во Македонија

До 18:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 18:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, четири се под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има на територија на општините Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација и меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).

Активни пожари има и во општина Ресен, кај селата Шурленци и Езерани (трска и ниска вегетација), општина Желино – меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), општина Прилеп – село Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума) и во општина Шуто Оризари, на улица „Брсјачка Буна“ (ниска вегетација).

Реклама

Под контрола се пожарите кај село Николиќ во општина Дојран, во општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, општина Гостивар – село Симница и во општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид.

Изгаснати се пожарите во општините Куманово, Старо Нагоричане, Брвеница, Гостивар и во Долнени.