Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Активни се осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола – ЦУК откри детали

До 18:30 часот евидентиран е вкупно 21 пожар, од кои осум се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 18:30 часот евидентиран е вкупно 21 пожар, од кои осум се уште се активни. Изгаснати се 12 пожари, а еден е ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во дојранско Николиќ, во велешките села Џидимирци и Крушје, во виничкото село Ласки, во село Локвица на територија на општина Македонски Брод.  Активни пожари има и во гостиварското село Чегране и општина Куманово – Липково, над село Умин Дол кон село Никуштак. Од скопскиот регион, активни пожари има во општина Чучер-Сандево, на средина на село Горњани кон село Блаце, кон магистрала и во општина Шуто Оризари, на улица „Индира Ганди“.

Под контрола е ставен пожарот во општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Крапа, Слатина и Девич.

Реклама

Изгаснати се 12 пожари, меѓу кои пожарот во близина на село Горњани – општина Чучер Сандево, во близина на стадионот на Гостивар, во ресенското село Перово, во општина Куманово, во кругот на фабриката на ФЗЦ  и во месноста викана Пармакови ниви. Изгаснати се и пожарите во општина Старо Нагоричане, кај селата Пелинце и Милутинци, општина Крива Паланка, кај село Градец, во месноста викана Ѓошинска мала.

Два пожара се изгаснати во Охрид, кај селото Оровник и кај населбата Далјан. Во Прилепско се изгаснати пожарот покрај патот од хотел „Салида“ кон Битола и пожарот меѓу селата Лажани и Ропотово.