Реклама

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонија

Активни пет пожари, шест под контрола, а 18 се изгаснати

До 21:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 29…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 21:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има на територија на општините Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде е зафатена мешана шума и сува трева, меѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума) и кај село Латово, место викано Маркова Стапалка, во општина Прилеп – село Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума).

Под контрола се пожарите во општина Ресен, кај селата Шурленци и Езерани (трска и ниска вегетација), во општина Желино – меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), во село Николиќ во општина Дојран, во општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, општина Гостивар – село Симница и во општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид.

Реклама

Изгаснати се пожарите во општините Студеничани, Шуто Оризари, Прилеп, Долнени, Струмица, Гевгелија, Кичево, Велес, Свети Николе, Куманово, Старо Нагоричане, Брвеница и Гостивар.