Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Активен пожарот во Никуштак, екипите на терен, во кумановско вчера повеќе пожари

Активен е пожарот во атарот на село Никуштак, кумановско информираа денеска од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Активен е пожарот во атарот на село Никуштак, кумановско информираа денеска од ЦУК и од „Македонски шуми“.

– Во моментов, пожарот сè уште е активен. Таму се наши екипи кои работата на терен. Се работи за многу лош непристапен терен, екипите и покрај тоа што успеваат да стигнат до одредена линија, не можат во целост да ја покријат линијата. Онаму каде е недостапно за пешадијата, делуваат екипите од воздух, но и покрај нивното делување, доколу од земја не се стигне до линиите тешко се санира пожарот. Продолжуваме со интервенција и денеска, со сите човекови ресурси, изјави заменик директорот на ЈП „Национални шуми, Кире Михаилов.

Во Никуштак неколку дена годи нискостеблеста деградирана, но и дабова шума. Од вчера пожарот е проширен на поголема територија. Покрај дејствувањето на екипи на „Национални шуми“, пожарот го гаселе и два авиона и еден хеликоптера од воздух, но поради поголема површина што е зафатена пожарот сè уште е активен.

Реклама

Екипите на кумановската подружница на „Национални шуми“ и екипа на кумановската противпожарна единица вчера интервенирала во атарот на селата Оризаре и Слупчане во липковско на опожарена ниска вегетација и мешана шума. Кумановските пожарникари гаселе сува трева во населбата Ајдучка Чешма, во Пуковсково атар на селата Шупли Камен и Доброшане. ТППЕ Куманово, гаселе пожар и на опожарена куќа на „Тоде Мендол“.

Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане гасела пожар во село Младо Нагоричане во маала Бузници каде покрај сува трева имало и пожар на кровна конструкција на помошен објект.