Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Ахмети откри споменик на Скендербег во кичевско Гаране

Во меѓувреме и Али Ахмети не ја разбра, по сè изгледа, пораката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во меѓувреме и Али Ахмети не ја разбра, по сè изгледа, пораката од гласачите на последните избори, па продолжува во негов стил, промовирајќи исклучиво етнички идеи поставувајќи споменици. Во селото Гаране, кичевско, Ахмети вчера откри споменик на Скендербег, на денот кој граѓаните од албанската заедница го слават како Ден на албанското знаме.

Али Ахмети изјави дека споменикот ќе биде вечен симбол на слободата, отпорот и националната гордост.

„Овој важен момент доаѓа токму на ден кога нашите срца чукаат посилно за црвено-црното знаме, потсетувајќи нè на патот на жртвата што нè донесе овде“, објави Ахмети на Фејсбук.

Реклама

Тој нагласи дека во текот на вчерашниот ден оддале почит и на споменикот на Албанката мајка во Зајаз, кој, според него, симболизира посветеност, жртва и безусловна љубов што го одржува семејството и нацијата живи со векови.