Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Администрацијата ќе добие покачување на платите

Со 82 гласа „за”, без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 82 гласа „за”, без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та седница по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија

Закон со кој се овозможува покачување од пет отсто на платите во јавната администрација.

Пратеничката од СДСМ Јагода Шехпаска на собраниската говорница истакна дека со Законот ќе бидат опфатени сите вработени во јавниот сектор, кој согласно информациите од Министерството за информатичко општество за 2018 година изнесуват околу 138 илјади.

Реклама

-Зголемувањето ќе биде за пет проценти, средствата се обезбедени од Буџетот на РСМ и зголемена плата вработените во јавниот скетор  ќе ја добијат за септемвриската плата, рече Шехпаска и додаде дека зголемена плата ќе добијат сите буџетски корисници, вработените во јавни устанвои, локалната самоуправа, социјалните фондови, агенциите, како и професорите, докторите, здравствените работници, останати вработен во јавен сектор.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска посочи дека како пратеничка група поднеле амандман за зголемување на платите од 10 отсто за администрацијата.

– Две години сте на власт, а денеска за првпат зборуваме за покачување на плати. Вчера имавме протест со кој беше блокиран цел град. Вакво незадоволство имаме кај многу вработени во јавниот сектор и затоа за да си го исполните и вие вашето ветување, но и да ги задоволиме финансиските потреби на вработените во јавниот  сектор предлагаме  зголемувањето на платата да не биде пет посто туку да биде 10 проценти, рече Митовска.

Инаку, како што велат од Владата, ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.

Предлог законот, кој беше единствена точка на дневниот ред на 115-та собраниска седница, е поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска.