Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

АД МЕПСО одбележа 20 години од своето основање

Со свечен настан, АД МЕПСО одбележа 20 години од своето оформување како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечен настан, АД МЕПСО одбележа 20 години од своето оформување како клучна институција во македонскиот електроенергетски систем. Јубилејот беше одбележан во присуство на членовите на Управниот и Надзорниот одбор, министри, пратеници, градоначалници, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, претставници на енергетскиот сектор, домашни и меѓународни партнери, медиуми, како и бројни колеги – активни и пензионирани, меѓу кои и поранешни претседатели на Управниот одбор.

Главното обраќање го имаше генералниот директор на АД МЕПСО, г. Бурим Љатифи, кој се осврна на дваесетгодишниот развоен пат на компанијата, нејзината стратешка улога во обезбедувањето стабилен и сигурен електропреносен систем, како и на актуелните реформи и идните предизвици.

„Го користам овој момент да искажам најдлабок респект за колегите кои, додека ние сме тука, работат на терен, на студ, како и на вработените кои вечерва дежураат во Националниот диспечерски центар“, истакна Љатифи.

Реклама

Тој нагласи дека во краток период, заедно со стручните тимови на МЕПСО, биле реализирани значајни регулаторни и оперативни измени со цел зголемување на транспарентноста и конкурентноста на пазарот на електрична енергија. Преку воведување механизми за набавка на електрична енергија за покривање на загубите и за балансирање преку берзата на електрична енергија, остварени се мерливи финансиски заштеди и за компанијата и за државата, додека истовремено е зголемена стабилноста на електроенергетскиот систем.

„Се наоѓаме пред важен генерациски пресврт. Дел од нашите најискусни колеги ја заокружуваат својата кариера, а наша обврска е нивното знаење и искуство да се пренесат на новите генерации млади и квалитетни инженери. Стручноста и посветеноста на вработените се најголемиот капитал на МЕПСО“, порача генералниот директор.

На настанот се обрати и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, која ја истакна улогата на МЕПСО како стабилен и доверлив оператор и значаен фактор во процесот на европска интеграција на енергетскиот сектор. Во рамки на свеченоста, министерката Божиновска прими плакета за поддршката и придонесот во развојот на енергетиката, врачена од страна на генералниот директор Љатифи.

„Во срцето на МЕПСО се луѓето – генерации инженери, техничари и експерти кои со својата стручност, одговорност и професионализам секојдневно се грижат електроенергетскиот систем да функционира стабилно и сигурно. Убедена сум дека МЕПСО и во иднина ќе биде мост меѓу националниот и европскиот енергетски систем и двигател на зелената транзиција“, истакна Божиновска.

Свое обраќање имаа и директорите на подружниците ОЕПС – Оператор на електропреносен систем и ОПМ – Оператор на преносна мрежа, г. Сашко Лакински и г. Васе Јовевски, кои говореа за историјата, развојот и клучните достигнувања на компанијата во изминатите две децении.

Одбележувањето на 20-годишнината претставува значајна потврда за институционалната зрелост на АД МЕПСО и неговата посветеност на сигурно снабдување, одговорно управување со јавните ресурси и континуиран развој на националниот електроенергетски систем.