Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

А1 Македонија продолжува да поставува нови стандарди за дигитално живеење

Мобилниот оператор А1 денеска ги претстави новите можности што им стојат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мобилниот оператор А1 денеска ги претстави новите можности што им стојат на располагање на корисниците. Отсега, корисниците на мобилната телефонија имаат можност зачуваниот интернет од услугата А1 Net Sef да го разменуваат за услуги согласно со нивните потреби, односно за буџет за нов уред, роаминг или за стриминг услуги и тоа бесплатно засекогаш, а корисниците на А1 Алфа, кои се дел од A1 Combo пакет, добиваат зголемени Combo попусти кои растат со бројот на линии кои се вклучени во пакетот.

– Со унапредената понуда поставуваме нов стандард за персонализација, флексибилност и контрола, овозможувајќи им на корисниците да го креираат своето дигитално искуство без ограничувања. Ова е стратешки чекор кон поврзана, поедноставна и побогата комуникација за сите. Досега, А1 Македонија ги потврди своите амбиции со континуирани инвестиции во врвни технологии, прва воведе 5G мрежа во земјата и развивме решенија што ги менуваат навиките на корисниците. Нашата посветеност е да бидеме први во донесувањето иновации што го трансформираат начинот на комуникација и забавата, и тоа ќе продолжиме да го правиме, истакна Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија на денешната прес-конференција.

Новите функционалности на A1 Combo, како што беше посочено, се дизајнирани да одговорат на секојдневните интереси и очекувања на современиот корисник. Секој има можност сам да избере која стриминг услуга ќе биде дел од неговиот пакет и да избере Netflix, HBO Max, SkyShowtime или Gley, а ќе може да ја менува таа услуга секој месец, во согласност со актуелните содржини достапни на секоја од платформите. 

Реклама

– Со новата понуда А1 оди чекор понатаму претворајќи се во вистинска платформа за поддршка на очекувањата на корисниците во дигиталното време. Централно место имаат персонализацијата, каде секој корисник може да си ја прилагоди понудата на своите потреби и очекувања, како и лојалноста на корисниците која со новото портфолио доаѓа во фокус, бидејќи бенефитите кои ги добиваат корисниците континуирано растат. Сето тоа е овозможено преку комплетно дигитално искуство во рамки на мобилната апликација Мојот А1 достапна бесплатно за сите А1 корисници, нагласи директорката на маркетинг и дигитална трансформација Елена Панова. 

А1 Македонија годинава одбележува шест години од воведувањето на брендот.