Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Фестивал на детски мјузикли

Под покровителство на Град Скопје, Детскиот културен центар „Карпош“трет пат го организира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под покровителство на Град Скопје, Детскиот културен центар „Карпош“трет пат го организира Фестивалот на детски мјузикли што ќе се одржи од денеска до 1 јуни во кино „Фросина“.

Фестивалот почнува во 19:00 часот со мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ што ќе се изведе премиерно, препеан на македонски јазик од Студиото за детски и младински мјузикли Бродвеј Јуниор од Скопје, под раководство на Наташа Јанкова.

-Целта на овој фестивал е да се афирмира мјузиклот како музичка форма која опфаќа пеење, глума и танц, да се негуваа вокалната техника кај децата и да се едуцира младата популација за вреднување на сопствените културни вредности од областа на детските мјузикли. Мјузиклот е музичко – сценско дело во кое актерите пеат и танцуваат. Овој фестивал нуди живи изведби од светски познати детски приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот. Овој фестивал е наменет за деца и млади кои поседуваат исклучителен талент за пеење, глума и танцување. Низ серија аудиции се избираат талентирни деца и млади за учество во детски мјузикл кој е препеан на македонски јазик од Весна Малинова, велат од ДКЦ „Карпош“. 

Реклама

За публиката која нема да има можност да го гледа мјузиклот „Убавицата и ѕверот денеска, ќе може да го погледне утре, исто така, од 19:00 часот. На 1 јуни од 12:00 часот ќе биде изведен мјузиклот ,„Петар Пан”, кој ќе биде изведен на англиски јазик, од учениците од Интернационалното QSI од Скопје.