Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Средба на градоначалникот Тони Коњановски со раководството на ДЛК „Мал Битолски Монмартр“

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњаносвки оствари средба со раководството на Детското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњаносвки оствари средба со раководството на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, организатор на меѓународната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмарт“.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека градоначалникот Коњановски бил информиран за подготовките на 45. издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ на која ќе учествуваат 18 делегации од 15 држави од светот. 

Манифестацијата почнува викендов, а на свеченото отворање ќе биде врачена наградата  Гран при која годинава ја освоија членовите на ликовното атеље „Артино“ од Белград, Србија, додека наградата за животно дело ќе му биде доделена на Хенри Лау од Хонгконг од НР Кина. 

Реклама

За време на денешниот прием во кабинетот на битолскиот градоначалник присуствуваше и 17 – годишната битолчанка Ана Полизовска, првата учесничка од Македонија која за првпат во изминатите 45 години е прогласена за најдобар учесник на колонијата. Полизовска на градоначалникот Коњановски му подари ликовно дело со мотиви од архитектурата на Битола.