Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Сменети директорите на двете детски градинки

Сомнеж за финансиски неправилности е причина за смена на директорите во двете…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сомнеж за финансиски неправилности е причина за смена на директорите во двете детски градинки во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов го разреши досегашниот директор на најголемата детска градинка во градот, „Астибо“. На негово место доаѓа директорката на другата градинка, која ќе има задача од Државниот завод за ревизија да побара детална финансиска анализа, со која ќе се утврди како работело досегашното раководство. Јорданов вели дека причината за ваквиот чекор е незадоволството од досегашното работење, но и сомнежите за евентуални неправилности.

„Причина за оваа промена во раководствата на детските градинки е моето лично незадоволство од досегашното работење на досегашниот директор на градинката „Астибо“ и сомнежот во неговото финансиско работење. Чекорите што ќе бидат преземени во периодот што следи се новото раководство да направи комплетна ревизија на досегашното работење, со пријава до надлежните институции, до Државниот завод за ревизија“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Јорданов порача дека нема да толерира неодговорно однесување од ниту еден функционер на локално ниво и побара од директорите одговорно да работат и совесно да се однесуваат кон функциите што ги извршуваат.

Реклама

„Нема да дозволам неодговорно однесување на ниту еден функционер на локално ниво, затоа што сите ние имаме одговорност да бидеме сервис на граѓаните и одговорно да се однесуваме кон позициите што ги носиме. Во периодот што следи очекувам новите раководства на детските градинки да продолжат во насока на рационализација и оптимизација на трошоците и ресурсите со кои располагаат“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Јорданов засега не открива детали за, како што вели, сомнежите за финансиските неправилности. Посочува дека станува збор за целиот период додека директорот раководел со институцијата, но додава дека утврдувањето на евентуална одговорност го остава на надлежните институции.