Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Како да се најде баланс меѓу книгата и екранот? – Учениците губат внимание и го потиснуваат самостојното размислување

Прекумерната употреба на мобилни телефони, социјални мрежи и вештачка интелигенција влијае врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прекумерната употреба на мобилни телефони, социјални мрежи и вештачка интелигенција влијае врз концентрацијата и критичкото размислување кај децата и младите. Истражувањата покажуваат дека знаењето подобро се стекнува кога содржината е прочитана од книга, отколку од екран. Според професорите, вештачката интелигенција помага, но сериозно и одмага во делот на вниманието и самостојното размислување, што се клучни во процесот на образување.

„Употребата на вештачката интелигенција при пишувањето не само што не помага, туку и одмага во критичкото мислење, во задржувањето на вниманието и во креативноста. Сите овие алатки, за кои мислиме дека ни го олеснуваат животот, во основа прават да ја предадеме на друг ентитет нашата најважна карактеристика, а тоа е интелигенцијата и мислењето“, изјави деканот на ФОН, проф. Трајче Стојанов.

„Оставени на мобилните, децата се во многу сериозна опасност. Самите мобилни делуваат врз мозоците на децата на ист начин како што делува и дрогата. Тоа лачење на допамин, хормонот на среќата, ја создава зависноста кај децата“, изјави Александар Марјановиќ од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

Реклама

Во ера на дигитализација и алгоритми, мора да се направи вистински спој меѓу книгата и екранот, но и да се ограничи времето што децата го поминуваат на мобилни телефони и социјални мрежи. Владата, училиштата и општините можеби треба да преземат мерки во таа насока и да ги следат позитивните примери од Европа и светот.

„Еве, на пример, во Австралија се ограничува можноста за користење на социјалните мрежи, како и во Франција, каде што се воведуваат училишта без телефони. Тоа е проект кој се покажа дека влијае доста позитивно врз психичкиот развој и академските достигнувања кај учениците“, изјави проф. Даниела Коцева од Факултетот за образовни науки при УГД.

„Клучот е кај нас, возрасните, и единствена цел треба да ни биде книгата да им се приближи на децата на еден современ и нов начин, кој е во чекор со нив“, изјави Ксенија Маказлиева од Просветно дело.

Истражувањата покажуваат дека преголемото користење на социјалните мрежи е причина дел од учениците да се соочуваат со анксиозност, депресија и анорексија. Истовремено расте и училишниот и сајбер- булингот, кој не завршува во училишните клупи, туку преку дигиталните платформи продолжува и дома.